Достапни линкови

logo-print

Да се биде или не


Сашко Јованов, НВО Македонска платформа против сиромаштија.

Сашко Јованов, НВО Македонска платформа против сиромаштија.

Никој нема право да се меша во друг живот и да бара младите да склопат брак, да имаат три или четири деца, да останат во градовите кадешто нема никаков просперитет и можност за нормален живот, пишува Сашко Јованов од невладината Македонска платформа против сиромаштија, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Oткако започна учебната година се пласираа информациите дека во помалите градови и села нема доволно ученици кои ќе ги наполнат училниците, па и школскиот двор. Се пуштија информации дека македонските семејства имаат по едно или две деца, дека традицијата за многудетни семејства изумрела, дека младите се во постојана трка и се повеќе обрнуваат внимание на својата кариера отколку да мислат на склопување на бракови и формирање на семејства, дека младите се иселуваат од малите градови во поголемите или во други држави и дека нема повеќе деца кои ќе ги наполнат школските клупи.

Дали се виновни младите кои трчаат и се натпреваруваат со времето кое тече како лудо или државата која ќе им овозможи на своите млади, во кои се крсти дека се иднината на државата, нормален и квалитетен живот, нестресна работа, добар приход и секако здрава иднина.

И сега сигурно се прашувате кој е виновен ? Дали се виновни младите кои трчаат и се натпреваруваат со времето кое тече како лудо или државата која ќе им овозможи на своите млади, во кои се крсти дека се иднината на државата, нормален и квалитетен живот, нестресна работа, добар приход и секако здрава иднина.

Летово имав можност да присуствувам во неколку градови и да говориме на темата креирање на подобри услови за живеење во помалите градови, отворање на нови работни места и решавање на приоритетните проблеми од кои се засегнати граѓаните.

Сликата во помалите градови е страшна, страшна до тој степен што мал број на млади лица одлучуваат да останат во своите родни места, а се повеќе остануваат повозрасните граѓани кои имаат работа во своите места или се бават со земјоделие.

И сега искрено би кажал дека не се виновни воопшто младите кои спасот за подобар живот го бараат во главниот град на државата каде имаат избор и за работни места, побогат социјален и културен живот. Ако во малите градови младите како приоритетни проблеми ги посочуваат немањето на кино сали, театри, немањето на канализација во 21 век, работни места и секако никаква стратегија за развој и креирање на подобри услови за задржување на младото населени во помалите градови.

Секако младите се изреволтирани и од начинот на однесување на локалните власти, односно во време на предизборни трки секој им приоѓа и ги перцепира како важни чинители во општеството, а кога ќе заврши сè истите ги множат со нула.

Секако младите се изреволтирани и од начинот на однесување на локалните власти, односно во време на предизборни трки секој им приоѓа и ги перцепира како важни чинители во општеството, а кога ќе заврши сè истите ги множат со нула и не им овозможуваат да си ги кажат маките, потребите, а пак од друга страна локалните власти не креираат услови за вклучување на младите во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

И на крај би сакал да дадам мое видување на цела оваа ситуација која ме инспирира да ја напишам оваа колумна, а тоа е дека никој нема право да се меша во друг живот и да бараат младите да склопат брак, да имаат три или четири деца, да останат во градовите каде што нема никаков просперитет и можност за нормален живот. Секој има свое право да си го живее животот така како што смета дека, според него, е исправно. За да се реши сè и да се очекува пресврт на оваа ситуација треба да се отворат нови работни места и високи примања, а не основна плата од 9.000 денари која едвај служи да се платат режиските трошоци, туку плата со која ќе може многудетните семејства да им овозможат нормален и квалитетен живот на своите деца.

Па драги мои, ние кои го даваме нашиот глас за Вас, за да ни го овозможите сето ова, вие само седите и гледате како се измачува иднината на државата, наместо да ги засукате ракавите и да поминете на акција.

XS
SM
MD
LG