Достапни линкови

Украинскиот премиер оцени дека Путин се обидувал да ја уништи Украина


Украинскиот премиер Арсениј Јатсенјук рече дека целта на рускиот претседател Владимир Путин е да ја уништи Украина како независна земја. Зборувајќи на меѓународната конференција што се одржува денеска во Киев тој рече и дека Путин сакал уште еден замрзнат конфликт во источна Украина. Јатсенјук исто така рече и дека Русија е закана за глобалниот поредок и безбедносна на цела Европа. Тој го опиша прекинот на огнот меѓу владата и проруските сепаратисти во источна Украина постигнат во Минск на петти месецов како прв чекор за стопирање на масакар. Украинскиот премиер оцени и дека новите економски санкции за Русија од Европската унија и САД претставуваат закана за руската економија.

XS
SM
MD
LG