Достапни линкови

Времето претпадне сончево, попладне пороен дожд


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и најпрво во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. Во вечерните часови врнежите ќе се прошират и на останатите делови од земјата. Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 24 до 31 степен. Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а доцна попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

XS
SM
MD
LG