Достапни линкови

Џон Кери во посета на Анкара, утре во Каиро


Анкара, 12.09.2014

Анкара, 12.09.2014

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска допатува во Анкара на разговори со турските лидери за меѓународната коалиција против екстремистите на Исламската држава. Двете земји ќе продолжат да се борат против терористичките организации како и досега, е соопштено од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по средбата со Кери. Меѓутоа, Турција е воздржана во врска со учеството во борбени акции против милитантите на Исламската Држава. По пристигнувањето во Анкара, Кери изјави дека САД ќе обезбедат дополнителни 500 милиони долари хуманитарна помош за жртвите од војната во Сирија.

Утре Џон Кери ќе го посети Каиро.

XS
SM
MD
LG