Достапни линкови

logo-print

Ново најниско ниво на рубљата во однос на доларот


Руската рубља денеска повторно падна на најниско ниво во однос на американскиот долар, по веста за новите санкции на Европската Унија и на САД против Русија. Доларот денеска се менуваше за 37,83 рубљи, а претходната најниска вредност на рубљата беше 37,51 за еден долар. Рубљата денеска забележа пад и во однос на еврото и се менуваше за 49,01 за едно евро.

Падот на рубљата може да доведе и до натамошен раст на инфлацијата во Русија, која моментално е скоро 8 отсто. Растот на ифлацијата е последици на западните санкции против Русија, но и на руското ембарго за американски и европски производи.

XS
SM
MD
LG