Достапни линкови

logo-print

САД објавија дополнителни санкции против Русија


Соединетите Држави објавија нова серија санкции против Русија, поради нејзината улога во конфликтот во Украина. Американското Министертво за финансии денеска ја додаде приватната банка Сбербанк на листата на банки кои се субјект на финансиски рестрикции. Цел на новите санкции се и одбраната и енергијата. Од денеска стапија во сила и новите санкции на Европската Унија против Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните санкции ќе го нарушат мировниот процес во источна Украина и оти Москва ќе превземе соодветни контра мерки.

XS
SM
MD
LG