Достапни линкови

Невработеноста во Македонија 28,2%


Стапката на невработеност во второто тримесечје од годинава изнесува 28,2 проценти и бележи намалување во однос на 2013 година за 0,8 проценти, а во однос на претходниот квартал за 0,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Вкупниот број на работоспособно население во Македонија во вториот квартал изнесува 957.790 лица, од кои 270.325 се невработени, додека 687.465 се вработени лица.
Повеќе од половина од невработените односно 159.368 или 59 проценти се мажи, додека 110.957 или 41 процент се жени.

XS
SM
MD
LG