Достапни линкови

Ердоган го одобри поголема владина контрола врз интернетот


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го одобри Законот, со кој се засилува контролата на Владата врз интернетот и се зголемуваат надлежностите на Дирекцијата за телекомуникации.

Новиот Закон, кој беше усвоен од страна на Парламентот, всушност е измена на претходниот строг законски текст за интернет, кој беше одобрен во февруари и со кој властите добија поголеми надлежности да го блокираат пристапот до одредени сајтови без претходни наредби од суд.

Законот предизвика незадоволство меѓу граѓаните и со него, според аналитичарите се зголемуваат стравувањата во врска со слободата на изразувањето во Турција.

XS
SM
MD
LG