Достапни линкови

logo-print

Во Босна и Херцеговина почна предизборната кампања


Во Босна и Херцеговина денеска и официјално почна Изборната кампања за општите избори на 12 октомври. Претседателот на Централната изборна комисија Стјепан Микиќ ги повика сите политички субјекти да ги почитуваат правилата пропишани со Изборниот закон. Тој предупреди дека во случај на говор на омраза за време на кампањата, освен парична казна од 10.000 конвертибилни марки, на партиите може да им биде поништена регистрацијата за учество на изборите, а кандидатите да бидат избришани од кандидатските листи.На овогодинешните избори Централната изборна комисија завери вкупно 735 кандидатски листи и 7.748 кандидати. Во Федерацијата БиХ ќе можат да гласаат 2.037.076 лица, во Република Српска 1.241.832, а во Дистриктот Брчко 45.317 лица. Бројот на граѓани со право на глас, кои се регистрирани надвор од БиХ изнесува 42.139.

XS
SM
MD
LG