Достапни линкови

Македонија во борба против тероризмот


Засега меѓународните партнери не побарале конкретна помош од Македонија, но земјава ќе поддржи каква било иницијатива за зачувување на мирот и безбедноста во регионот.

По објавата на американскиот претседател Барак Обама за формирање на меѓународна коалиција во борбата против милитантите на Исламската држава, македонските власти велат дека во оваа фаза додека траат консултациите со земјите членки и сојузниците од арапскиот свет, од Македонија не е побарана никаква конкретна помош. Сепак потенцираат дека како партнер на Алијансата, таа ќе поддржи каква било иницијатива за зачувување на мирот и безбедноста во регионот.

Оттука Република Македонија треба да се приклучи на една ваква активност, и во превентивна смисла и во смисла на оспособување на своите сопствени сили и органи за спротивставување на едно вакво делување.

И министерот за одбрана Зоран Јолевски вчера потврди дека Република Македонија останува посветена на споделување на заедничките вредности на Алијансата и во иднина и силно ќе ги поддржува сите иницијативи кои ќе придонесат за зачувување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски присуствуваше на состанокот на министри за одбрана на НАТО самитот во Велс.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски присуствуваше на состанокот на министри за одбрана на НАТО самитот во Велс.

Домашните експерти предупредуваат дека најавите на Обама за борба против ИСИС треба сериозно да се сфати, оти ширењето и дејствувањето на вакви терористички групации носи безбедносни ризици и за Македонија. Аналитичарот Благоја Марковски вели дека трансверзалата на движење на овие групации е посебно карактеристична за западниот Балкан, па оттаму и опасноста од тензични ситуации и можни терористички напади.

„Ние иако во овој момент можеби не сме во некоја поопасна или критична ситуација, може тоа да се случи во брзо време, ненадејно, можеби не на целата територија на Република Македонија, но на поединечни микро локации“, вели Благоја Марковски.

Тероризмот не подразбира одвоено и изолирано делување само на определена територија. Тој е глобална опасност и оттука Македонија самата не може да се спротивстави туку мора да влезе во која било коалиција чијашто цел е да се спротивстави на овие радикални движења и терористички активности, потенцира Марковски.

„Оттука Република Македонија треба да се приклучи на една ваква активност, и во превентивна смисла и во смисла на оспособување на своите сопствени сили и органи за спротивставување на едно вакво делување“, вели Марковски.

Пред два дена загина десеттиот етнички Албанец од Македонија кој загина на боиштата во Сирија, а кој се борат во редовите на милитантите на Исламската држава. Разузнавачките служби во регионот предупредија дека голем број етнички Албанци од територијата на поранешна Југославија се приклучуваат на радикалните исламистички движења.Македонија веќе ги донесе измените на кривичниот законик според кои, оние кои војуваат во туѓи милитаристички формации, ќе бидат казнети со затворски казни.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG