Достапни линкови

logo-print

За ова прашање во последно време не разговараме, заради тоа што стигаат сигнали за можно решение и не би сакал да бидам дополнителна причина за решавање или за нерешавање на овој проблем, вели лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Информации за тоа што се случува во спорот за разликите за името добиваме не само од меѓународните претставници, туку и јавно лидерот на ДУИ Али Ахмети зборува за проблемот, но како опозиција не сакаме да коментираме, затоа што не сме информирани од премиерот за прашањето, вели претседателот на СДСМ Зоран Заев во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

За ова прашање во последно време не разговараме, заради тоа што стигаат сигнали за можно решение и не би сакал да бидам дополнителна причина за решавање или за нерешавање на овој проблем.

„За ова прашање во последно време не разговараме, заради тоа што стигаат сигнали за можно решение и не би сакал да бидам дополнителна причина за решавање или за нерешавање на овој проблем. Многу често СДСМ се има икспонирано на оваа работа“, вели Заев.

За тоа дали има некакви сигнали, какви и од каде доаѓаат, вклучените во решавање на проблемот не коментираат.

Од МНР посочуваат дека за ова прашање информации можеле да дадат само македонскиот претставник во разговорите Васко Наумовски, министерот или во Владата, а од таму пак не се достапни за коментар.

Околу проблемот поврзан со нашето име, за жал, ништо суштинско не се случува, напротив. Има разни иницијативи вклучувајќи ја и таа на Меркел, тоа прашање да се држи актуелно, да се држи на маса, меѓутоа суштинско ништо нема, ниту ќе има во една блиска иднина.

Единствено од кабинетот на претседателот на прашањето дали има некакви помрднувања и конкретни сигнали посочија одговори да се бараат во последното интервју на Ѓорге Иванов дадено за денот на независноста. Во него пак тој нагласи дека во Грција не постоела желба, ниту интерес да се справи со проблемот за името и неговото решавање на било на агендата на соседната држава. Тој рече и дека се што било иницирано од македонска страна немало интерес кај нив додавајќи дека одвреме-навреме се јавувале заинтересирани земји кои сакале да се вклучат во спорот и да дадат поинакви динамики на целиот процес.

Последно јавна иницијатива за вклучување во спорот имаше германската канцеларка Ангела Меркел. Таа прво рече дека ги знае комбинациите за името, нагласувајќи дека е потребен компромис а по берлинската конференција со земјите од Западен Балкан во заклучоците беше наведено и дека спорот со името е еден од исклучителните билатерални проблеми и дека државите учеснички се согласиле оти овој спор мора итно да биде решен со волја за компромис на сите засегнати страни. Потоа во Скопје допатува и нејзиниот близок соработник за надворешна политика Ернст Рајхел кој имаше средби со повеќе политички фактори во земјава.

Според поранешниот дипломат Ристо Никовски во спорот за разликите за името не се случува ништо суштинско.

„Околу проблемот поврзан со нашето име, за жал, ништо суштинско не се случува, напротив. Има разни иницијативи вклучувајќи ја и таа на Меркел, тоа прашање да се држи актуелно, да се држи на маса, меѓутоа суштинско ништо нема, ниту ќе има во една блиска иднина“, вели Никовски.

Месецов и италијанската министерка за надворешни работи и нова висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини рече дека е потребно да се вложи поголем напор со цел да се реши деценискиот спор меѓу Македонија и Грција не само во контактите со Македонија, туку и со другите држави. Таа предупреди и дека ако набрзо не се реши наметнатиот спор за името со Грција е можно нарушување на внатрешната состојба во Македонија.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG