Достапни линкови

logo-print

Размена на затвореници во Украина


Украинските владини сили и про-руските сепаратисти разменија десетици затвореници заробени за време на борбите во источниот дел на Украина, како дел од договорот за прекин на огнот потпишан на почетокот од овој месец.

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека 36 лица беа ослободени денеска, а 21 вчера. Украински сили ослободиле 31 бунтовник. Размена била направена пред Доњецк во источна Украина.

Се верува дека стотици луѓе се заробени од двете страни од почетокот на конфликтот во април.

XS
SM
MD
LG