Достапни линкови

logo-print

Кери - повеќе Арапски држави со подршка во борбата против ИСИС


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека 10 арапски држави се согласиле да работат заедно со САД во борбата против милитантите од Исламската држава.

Кери ова го кажа во Саудиска Арабија по разговорите со високи претставници од Турција, Египет и арапските заливски држави.

Претходно американскиот претседател Барак Обама објави широка стратегија за градење на меѓународна коалиција во борбата против милитантната група.

Кери рече дека ќе продолжи да се среќава и со други лидери на Блискиот Исток за да се формира што е можно поширока коалиција.

XS
SM
MD
LG