Достапни линкови

Францускиот претседател Оланд пристигна во Ирак


Францускиот претседател Франсоа Оланд пристигна во Ирак, во знак на поддршка на новата влада и во ситуација кога Франција се подготвува за можни воздушни напади, како дел од коалицијата предводена од САД, против милитантите од Исламската држава кои зазедоа делови од Ирак и Сирија. Со авинот со кој Оланд допатува во Багдад пристигнаа и околу 15 тони хуманитарна помош што треба да да биде однесена во курдскиот град Арбил во текот на денот. Оланд треба да се состане со новиот ирачки претседател Фуад Масум и премиерот Хајдар ал Абади во очи на меѓународната конференција за ситуацијата во Ирак што наредната недела треба да се одржи во Париз.

XS
SM
MD
LG