Достапни линкови

logo-print

ЦИА- Исламската држава има од 20.000 до 31.500 борци


Американската Централна разузнавачка агенција објави дека Исламската држава во Сирија и Ирак има околу 20.000 до 31.500 борци.Претходно се проценуваше дека бројот на борци е околу 10.000. Новиот број се базира на прегледот на разузнавачки извештаи од мај до август оваа година. Американскиот претседател Барак Обама во обраќањето до нацијата на 10 септември вети дека ќе ја искорени Исламската држава. Нивните милитанти се одговорни за убиствата на илјадници луѓе во Сирија и Ирак, особено шиитски муслимани и немуслимани.



XS
SM
MD
LG