Достапни линкови

logo-print

ЕУ и САД ги прошируваат санкциите против Русија


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД од денеска ќе ги прошират санкциите во одбраната , финансиите и енергијата против Русија поради нејзините противправни акции во Украина. Овој потег беше координиран со Европската унија, од каде најавија дека новите санкции врз Русија ќе стапат на сила денеска. Обама наведе дека овој потег ќе ја продлабочи политичката и економската изолација на Кремаљ. Санкциите беа формално усвоени на 8-ми септември, но примената беше одложена заради спроведувањето на примирјето во источна Украина.

Новите санкции опфаќаат забрана за трговија со оружје со руските одбранбени фирми. Тие, исто така, вклучуваат забрана за финансирање на руските енергетски компании од ЕУ.


XS
SM
MD
LG