Достапни линкови

Завршува самитот на Шангајската организација за соработка


Денеска завршува дводневниот самитот во главниот град на Таџикистан,Душанбе, на кој се очекува да бидат усвоени критериуми за прием на нови членки. Лидерите на земјите на Шангајската организација за соработка Кина, Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан треба да се состанат денеска. Подоцна нивниот состанок ќе се прошири и со претставници од земјите кои имаат статус на набљудувачи - Авганистан, Индија, Иран, Монголија и Пакистан. Помошникот на Рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека главни теми на разговорите ќе бидат ситуацијата во Авганистан и заедничката борба против тероризмот, трговијата со нелегални наркотици, транснационалниот организиран криминал и други закани. Ушаков изјави дека на крајот од самитот ќе биде усвоена декларација која ќе вклучува повик за неодложно враќање на мирот во Украина. Исто така планирани се и билатерални средби закажани на маргините на самитот, меѓу кои и разговори на рускиот претседател Владимир Путин со иранскиот претседател Хасан Рохани.

XS
SM
MD
LG