Достапни линкови

logo-print

Времето денеска- претпладне облачно,попладне со сончеви периоди


Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Попладне облачноста ќе е намалува, кон крајот на денот ќе се повлекува кон исток, а во западните делови ќе има повеќе сончеви периоди.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје слично време, претпладне умерено до значително облачно со услови на краткотрајна нестабилност, а кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува повремено умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Од сабота попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат во вид на порој проследени со грмежи.

Врнежливо и нестабилно време ќе продолжи и во недела кога врнежите ќе бидат пообилни, а се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен за 24 часа.



XS
SM
MD
LG