Достапни линкови

Дневен печат - самостојност, Устав и СДСМ


Свечена академија по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.

Свечена академија по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.

Дваесет и три години самостојност, дебатата за измените во Уставот, барањата на СДСМ за техничка влада се дел од темите за кои пишуваат весниците.

Деновиве во јавноста е актуелна преписката помеѓу досегашниот поддржувач на владините политики, ексамбасадорот Ристо Никовски и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во врска со времепостоењето на македонската држава.

По 23 години независност, тешка борба за слобода и демократија.

Утрински го објави отвореното писмо од Никовски „Знаете ли да броите?“ во кое го обвини Вељаноски за „намерна политичка манипулација и омраза кон поранешниот југословенски систем“ во говорот на свечената академија по повод одбележувањето на 23 годишнината од независноста на државава. Утрински ја објавува и реакцијата на владејачката партија во која таа изрази „отворено несогласување со долгогодишниот дипломат по прашањето околу почетоците на македонската државност“.

Свечена академија по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.

Свечена академија по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.

Во другите весници нема информации за оваа преписка. Слободен печат забележува: „По 23 години независност, тешка борба за слобода и демократија“.

Жешка дебата во МАНУ за уставните измени - Истакнатите правници и докажани експерти во своите области имаа целосно противтавени мислења дали сега е вистинскиот момент за измена на Уставот.

Продолжува јавната дебата во врска со измените на Уставот. Вечер во насловот го цитира претседателот на МАНУ, Камбовски, дека „За уставни измени треба уставен патриотизам“, толкувајќи ги неговите зборови како несогласување со бојкотот на Собранието од опозицијата, додека Утрински наслови: „Жешка дебата во МАНУ за уставните измени - Истакнатите правници и докажани експерти во своите области имаа целосно противтавени мислења дали сега е вистинскиот момент за измена на Уставот“. Истиот весник информира дека „По парламент во сенка, СДСМ направи и влада во сенка - Заев вели дека не станува збор за влада во сенка, туку за партиски тела кои ќе бидат пандан на институциите на централно и локално ниво.

Инаку, СДСМ останува на барањето за формирање техничка влада шест месеци пред наредните избори“. И Вечер ја објавува истата информација, но со наслов: „Заев очекува нови преговори есенва“. Нова Македонија објавува: „Албански политичари градат рејтинг на македонски прашања - недипломатски коментари, давање разни инструкции, па дури и спомнување нови услови за членство во НАТО, се само некои од активностите што албанската дипломатија ги практикува кон Македонија во изминативе месеци“.

Дневник ги следи банките: „Профитите се враќаат на нивото пред кризата - банките со 3,5 пати поголема добивка од лани“. И во една Босна има борба против организираниот криминал: Утрински објави: „Лов по министри во Босна - уапсени се федералните министри за трговија и за земјоделство поради повеќемилионско даночно затајување“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG