Достапни линкови

Огласи за најспособните или за партиски најподобните во Охрид?


Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.

Огласите за директори на основните и средните училишта и јавните претпријатија во Охрид, можност за сите кандидати или само за партиските кадри?

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески по пат на оглас кој што е веќе објавен, бара директори на основните и средните училишта и јавните претпријатија во градот. Меѓу другото се бараат и раководители на неколку сектори во општината, но и двајца асистенти на градоначалникот.

Ние како општина сакаме да направиме едно скенирање на сите потенцијали во кадри кои оваа општина и околината ги поседуваат, пред се кадри кои веруваат во своите капацитети кои се високо стручни, способни и компетентни да работат одредена област.

Од сите кандидати се бара да го познаваат англискиот јазик или некој од другите светски јазици. Бакрачески вели дека преку огласот имале намера да дадат можност на што поголем број способни луѓе да ги покажат своите квалификации и истиот не бил законска обврска на општината.

Седница на локалниот економски совет во Општина Охрид.

Седница на локалниот економски совет во Општина Охрид.

„Ние како општина сакаме да направиме едно скенирање на сите потенцијали во кадри кои оваа општина и околината ги поседуваат, пред се кадри кои веруваат во своите капацитети кои се високо стручни, способни и компетентни да работат одредена област и кои ќе покажат посветеност и одговорност во работата и кои се спремни за една тимска работа, а пред се насочени кон спроведувањето на програмите и политиките на локалната самоуправа“, рече Бакрачески.

Ова е само уште еден чин на популизам и уште една формална објава дека наводно се работи за интенција да се изберат најдобрите меѓутоа и врапчињата знаат дека во пракса тоа воопшто нема да е така.

Во огласот, меѓу другото, стои дека кандидатите треба да се насочени кон спроведување на политиките на општината, но дека сите ќе имаат еднакви шанси да бидат избрани без разлика на нивната политичка, верска или религиозна припадност.

Опозицијата се сомнева во добрите намери. Томислав Тунтев, претседател на СДСМ Охрид, прашува зошто ваков оглас не бил објавен пред 18 месеци.

„Ова е само уште еден чин на популизам и уште една формална објава дека наводно се работи за интенција да се изберат најдобрите меѓутоа и врапчињата знаат дека во пракса тоа воопшто нема да е така. Ова е навистина под достоинството на луѓето кои сега треба да се јават на оглас кој не е обврзувачки, а кој не е оглас за вработување туку е оглас за интенција и сега наводно администрацијата и градоначалникот ќе ги изберат најдобрите без разлика на партиската припадност. Тоа е смешно да го помислите“, рече Тунтев.

Во огласот стои дека секој обид за лично лобирање и ургенција од страна на кандидатите ќе се смета како слабост и неверување во сопствените капацитети и ќе влијае негативно во формирањето на финалната оцена за кандидатот.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG