Достапни линкови

Загадувањето нема да се намали со промена на мерењето


Загадувањето на воздухот во Тетово.

Загадувањето на воздухот во Тетово.

Загадувањето на воздухот во Тетово нема да се намали ако се смени локација за мерење на параметрите, смета Муртезан Исмаили, директор на Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Загадувањето на воздухот во Тетово нема да се намали ако се смени локација за мерење на параметрите, смета Муртезан Исмаили, директор на Институтот за животна средина и здравје при Универзитетот на Југоисточна Европа. Тој вели дека попусто Министерството за животна средина ќе го поставува мерниот апарат на друго место, како што скоро беше најавено, со оглед дека Тетово има голем број причини кои значително влијаат да има загадување на воздухот.

Не можеме да речеме дека не се загрижени институциите, меѓутоа многу малку преземаат.

„Кај нас има многу проблеми, свеста е на недоволно ниво, а треба да профункционират законите. Да не заборавиме дека фреквенцијата на колите е исто така сериозен загадувач, а и градежните активности се еден од факторите“, смета директорот.

Муртезан Исмаили.

Муртезан Исмаили.

Исмаили потенцира дека мерењата се важни, но спорен е начинот како тоа сега се прави.

„Особено во вакви средини или да се дислоцират тие мерни станици или да се има апарат кој е подвижен“, вели Исмаили.

Загадувањето може да се намали само со елиминирање на причинителите на загадувањето, вели Исмаили. Тој потенцира дека надлежните институции треба повеќе да се насочат кон превземање конкретни мерки-колку и да се непогодни кон одредени субјекти како големите фабрики.

„Не можеме да речеме дека не се загрижени институциите, меѓутоа многу малку преземаат. Имавме зимоска пример, инспекцијата од Министерството и констатираа дека немаат никакви филтри поставено. Прво ќе ги тужиме, после ај ќе им дадеме рок, потоа испадна ништо, дека тие ќе постават филтри ,а кога ќе ги постават? А тоа се многу опасни кога ќе се искомбинираат прашина, градежен, од комуникација, хемиски загадувања, тогаш тешко нас. А се почесто гледаме млади луѓе, млада генерација заболуваат од многу тешки заболувања“, кажува Исмаили.

Мерењата во сите три месеци од летото, покажуваат дека во Тетово има зголемено присуство на штетни материи. Во одредени денови надминуваа десетина пати над дозволените 50 микрограми на кубен сантиметар.

XS
SM
MD
LG