Достапни линкови

Крводарителска акција во американската амбасада во Скопје


илустрација

илустрација

Во американската амбасадата во Македонија, денеска во соработка со Црвениот крст на Град Скопје, се одржа шестата крводарителска акција и донација на храна, по повод 11 септември 2001 година, кога се случија терористичките напади врз САД.

Изразувајќи благодарност до сите граѓани, меѓу кои политичари, претставници на верските заедници, на невладини организации, на Универзитети, кои денеска и во изминатите години на овој ден даруваа крв, амбасадорот Пол Волерс во обраќањето истакна дека не е важно од каде доаѓаат луѓето, важен е човечкиот елемент што не држи сите заедно како луѓе во моменти кога треба да си помогнеме.

XS
SM
MD
LG