Достапни линкови

Лекарите заминуваат за повеќе пари


Илустрација

Илустрација

Според Здружението на приватни лекари само во последните две години од државата си заминале 280 лекари. А од Синдикатот на здравствени работници, велат дека трендот не е алармантен. Платата на лекарите во приватното здравство се движи од 15 илјади до 30 илјади во зависност од бројот на пациенти.

Од Македонија секоја година си заминуваат околу 200 лекари. Трендот на заминување е константен, но е актуелизиран последните неколку години. Според Здружението на приватни лекари само во последните две години од државата си заминале 280 лекари. Доктор Лилија Чолакова упати критики до креаторите на политиките во здравството, испровоцирана од тоа дека лекарите не се мотивирани да работат во државата од реформите што се прават, а пред се финансиски.

Кај нас на пример капитацијата е 50 денари за пациент, а обврските се зголемуваат, давачките се зголемуваат и едноставно е неиздрживо не можеме финансиски да го следиме трендот на сите овие покачувања во однос на платите кои пак не се поместени, еве на пример во примарното здравство капитација е правена во 2001.

„Кај нас на пример капитацијата е 50 денари за пациент, а обврските се зголемуваат, давачките се зголемуваат и едноставно е неиздрживо не можеме финансиски да го следиме трендот на сите овие покачувања во однос на платите кои пак не се поместени, еве на пример во примарното здравство капитација е правена во 2001“, вели доктор Чолакова.

Според доктор Чолакова платата на лекарите во приватното здравство се движи од 15 илјади до 30 илјади во зависност од бројот на пациенти.

Штрајк на лекарите во Клинички центар во Скопје, 2012.

Штрајк на лекарите во Клинички центар во Скопје, 2012.

Лекарите бараат фиксни плати од 40.000 илјади денари за лекар како и да се зголеми надоместокот (капитација) што во моментот изнесува 50 денари по пациент, вели таа. Од 2010 година досега 606 лекари од Лекарската комора побарале потврда за да заминат во странство. Меѓу нив има и лекари кои заминале на обука, на разни специјализации и семинари, велат од Комората.

Кај нас се уште немаме таква состојба, бидејќи заштитните механизми кои Министерството за здравство ги направи, во смисол на доедукација, и она што го направивме заедно со Министерството и Синдикатот, покачување на платите на лекарите, на извесен начин можеби влијае тој миграционен процес да е во помал процент.


Доктор Миленко Костов од Неврохирурагија, вели дека има зголемена побарувачка од странство, зошто лекарите што се од ЕУ се пензионираат, а има и помал број кандидати заинтересирани да студираат медицина, особено за посериозни специјализации. Втора работа е дека и голем дел од нивните лекари заминуваат во скандинавски земји, зошто се подобро платени, дополнува доктор Костов.

„Со тоа се креираат, се отвораат работни места, заради тоа што кај нас имаат добро искуство, бидејќи генерално нашиот факултет е се уште солиден. Наши млади лекари заминуваат во земјите од Европска унија, таму нострификацијата на дипломата е кратка и не толку тешка постапка, и втора работа е што и лекари коишто се искусни специјалисти заминуваат во странство пред се поради подобрите финансиски услови.“

Од Синдикатот на здравствени работници, велат дека трендот на заминување на докторите е присутен и во централна и источна Европа и дека кај нас проблемот не е алармантен.

„Кај нас се уште немаме таква состојба, бидејќи заштитните механизми кои Министерството за здравство ги направи, во смисол на доедукација, и она што го направивме заедно со Министерството и Синдикатот, покачување на платите на лекарите, на извесен начин можеби влијае тој миграционен процес да е во помал процент“, вели доктор Љупчо Каранфиловски.

Меѓутоа од Здружението на приватни лекари не мислат така. Тие укажуваат дека поради помалиот број жители во одредени градови во источна Македонија има многу лекарите кои таму остваруваат минимална плата. Според нивните податоци, од Македонија лекарите најмногу заминуваат во Словенија и во Германија.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG