Достапни линкови

Порошенко одобри закон за нови санкции кон Русија


Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша закон со кој и се овозможува на Владата да воведе санкции против руските компании и поединци осомничени за поддршка и финансирање на сепаратистичките бунтовници во источниот дел на Украина. Законот беше усвоен од парламентот минатиот месец. Тој овозможува повеќе од 20 видови на санкции, вклучително и забрана за патување и замрзнување на средства, ограничувања на трговијата и транзитот на ресурси и транспортот на стоки преку Украина. Законодавството обезбедува правна основа за санкции, но не ги наметнува. Специфичните санкции ќе мора да бидат одобрени од страна на Националниот совет за безбедност и одбрана. Владата изготви листа на 172 државјани на Русија и на други земји, како и на 65 руски компании, кои би можеле да бидат погодени од овие санкции. Листата не е јавно објавена.

XS
SM
MD
LG