Достапни линкови

Пакистанската армија уби 65 талибанци во Северен Вазиристан


Пакистанската армија соопшти дека нејзините авиони убиле 65 милитанти во воздушните напади на пет скривалишта во талибанското упориште во близина на авганистанската граница. Воздушните напади биле насочени во области во племенскиот регион на Северен Вазиристан, каде што армијата ја спроведува офанзивата од средината на јуни. Армијата соопшти дека досега загинале повеќе од 900 милитанти, но се уште нема официјална потврда за оваа бројка. Речиси еден милион луѓе, наводно, избегале во офанзива и се засолниле во кампови за раселени. Воздушните напади доаѓаат еден ден откако пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за нападот на поморската база во Карачи, во кои загинаа еден морнар и двајца напаѓачи. Министерот за одбрана Мухамед Асиф изјави дека напаѓачите добиле поддршка од "внатрешни" извори во Пакистанската морнарица.

XS
SM
MD
LG