Достапни линкови

Уапсен член на Исламската држава во Москва


Руските разузнавачки служби уапсија маж во Москва за кој се сомневаат дека е член на милитантната група Исламска држава која во моментов е најактивна во Сирија и во Ирак. Руските новински агенции повикувајќи се на извори во владините структури,соппштија дека притворениот човек е руски државјанин кој наводно се борел на страната на Исламската држава во Сирија. Осомничениот бил во Сирија на крајот на 2013 и почетокот на 2014 година Тој е обвинет за "учество во нелегална вооружена група" и би можел да се соочи со десетгодишен затвор ако биде осуден. Рускиот сајт Газета пишува дека до апсењето на осомничениот доаѓа откако милитантите на Исламската Држава објавија видео во кое се закануваат дека ќе започнат војна во Кавкаскиот регион.

XS
SM
MD
LG