Достапни линкови

Јункер именуваше министри за клучните економски позиции


Новоизбраниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, именуваше француски и англиски политичари на две клучни финансиски позиции во ЕУ. Јункер го именува поранешниот француски министер за финансии, Пјер Московичи, како министер на економската и монетарната политика, а британскиот политичар Џонатан Хил да биде комесар за финансиска стабилност, финансиски услуги, и за пазари на капитал. Претходно го назначи Австриецот Јоханес Хан за нов комесар за соседство и преговори за проширување со ЕУ. Додавањето на терминот „преговори“ во името на претходниот ресор, како што јавуваат новинските агенции, било во согласност со најавата на Јункер дека во наредните пет години ќе нема проширување на Европската унија. Маргарет Вестагер од Данска ќе биде новиот министер за транспорт, а поранешната словенска премиерка Аленка Братушек ќе ги надгледува напорите на Европската Унија да создаде енергетска унија.

XS
SM
MD
LG