Достапни линкови

logo-print

Турските работници протестираа поради лошите работни услови


Работници протестирале против лошите услови за работа во Истанбул, јавуваат турски медиуми. Работниците ја блокирале зградата на турскиот Институт за социјално осигурување во квартот Бејоглу во знак на протест поради загинувањето на десет градежни работници во саботата. За време на протестот дошло до судири со полицијата која уапсила 15 од демонстрантите. Десет градежни работници загинаа во саботата при паѓањето на лифт од 32-от кат на новоизградена зграда во Истанбул.

XS
SM
MD
LG