Достапни линкови

logo-print

Џон Кери охрабрен од најавените реформи на ирачкиот премиер


Багдад, 10.09.2014

Багдад, 10.09.2014

Американскиот државен секретар Џон Кери пристигна во Багдад на почетокот на мисијата во барањето поддршка за акција против милитантите на Исламската држава. Кери, по средбата со ирачкиот премиер Хајдар Ал Абади изјави дека е охрабрен од неговата намера за обнова на армијата и за спроведување реформи со кои треба сите етнички групи да бидат интегрирани во ирачкото општество. Абади, пак, ја повика меѓународната заедница да му помогне на Ирак во борбата против милитантите од Исламската држава.

Џон Кери по Ирак треба да ги посети Јордан и Саудиска Арабија, каде што освен разговори со домаќините ќе има средби и со претставници на Турција, Египет и на шесте земји на Советот за соработка во Персискиот залив.

XS
SM
MD
LG