Достапни линкови

logo-print

Јоханес Хан, еврокомесар за соседство и преговори за проширување


Јоханес Хан

Јоханес Хан

Новоизбраниот претседател на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска го наименува австриецот Јоханес Хан за нов комесар за соседство и преговори за проширување на Европската унија. Додавањето на терминот „преговори“ во името на претходниот ресор, како што јавуваат новинските агенции, било во согласност со најавата на Јункер дека во наредниоте пет години ќе нема проширување на Европската унија. 56 годишниот Хан претходно беше еврокомесар за регионална политика. Францускиот министер за финансии Пјер Московици е наименуван за еврокомесар за економска и монетарна политика, а британскиот политичар Џонатан Хил за финансиска стабилност. Поранешната словенечка премиерка Аленка Братушек ќе ги надгледува напорите на Европската унија за креирање енергетска унија.

XS
SM
MD
LG