Достапни линкови

Уставни измени - критики, дебати, па повлекување?


Се работи за договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се мотивира опозицијата да дојде во собранието, а владата на крајот, по јавните дебати, ќе се повлечела од усвојување на уставните измени, вели професорот по уставно право Бајрам Положани.

Венецијанската комисија има забелешки за сите седум-нацрт амандмани за промена на Уставот, но министерот за правда, Аднан Јашари кој се сретна со меѓународните експерти, не откри кои се препораките.

„Мислам дека јавната дебата е форма или дека можат да си направат некои измени коишто нема да бидат од оној тип на којшто е укажано и во разговорите со одредени меѓународни институции, ниту пак голема промена би донела оваа дебата“, вели претседателката на

Во меѓувреме, додека тече законскиот рок од 30 дена за јавна расправа за измена на Уставот, потреба која собранието ја усвои на 27 минатиот месец, се организираат дебати и во МАНУ, тетовскиот и штипскиот универзитет, а на крај ќе се расправа и во Собранието.

Но прашањето кое го отвораат експертите е дали дебатите навистина ќе влијаат врз Владата да ги промени уставните амандмани и да ги вгради забелешките или пак тие се организираат само колку да ги има.

„Мислам дека јавната дебата е форма или дека можат да си направат некои измени коишто нема да бидат од оној тип на којшто е укажано и во разговорите со одредени меѓународни институции, ниту пак голема промена би донела оваа дебата“, вели претседателката на Институтот за човекови права и поранешна судијка во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска.

владата ќе најде начин како да се повлече, изговор ќе биде дека ќе се одложат за понатаму за да се кохезира општеството со сите политички објекти.

Таа нагласува и дека уставните амандмани се носат во период во кој опозицијата е надвор од парламентот и не може да се слушнат критички ставови. Таа ја критикува и самата идеја да се носат измените без опозиција и без претходно да се решат проблемите поради кои таа не учествува во неговата работа.

Според професорот по уставно право Бајрам Положани самите причини за уставни измени се политички. Тој тврди дека се работи за договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се мотивира опозицијата да дојде во собранието и дека токму поради тоа владата на крајот, по јавните дебати, ќе се повлечела од нивното усвојување.

„Веќе најавените забелешки од Венецијанската комисија, министерот за правда кажа некој начин и рече дека ќе се третираат кога ќе ги добие написмено, и за тоа би имал алиби да ја запознае владата и бидејќи опозицијата нема да се вклучи, нема да дојде во Собрание, нема да вроди плод сето ова и владата ќе најде начин како да се повлече, изговор ќе биде дека ќе се одложат за понатаму за да се кохезира општеството со сите политички објекти“, вели Положани.

Инаку досега и во јавноста излегоа забелешки за речиси сите предложени амандмани. Познавачите се противат на дефинирањето на бракот исклучиво како заедница меѓу маж и жена, оценувајќи го потегот како дискриминаторски, а има забелешки и формирањето на посебна финансиска зона и за ограничувањето на нивото на јавниот долг. Во делот на измените што го регулираат правосудството оцените се дека тие нема да донесат реални промени ако не постои политичка волја за независно судство.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG