Достапни линкови

Обама ќе ја претстави стратегијата против Исламската држава


Американскиот претседател Барак Обама вчера им рекол на лидерите во Конгресот дека има овластување да преземе активности против Исламската држава и оти ќе ги соопшти деталите во претстојниот негов говор. Во соопштението од Белата куќа се наведува дека Обама им рекол дека ќе ги поздрави активностите кои ќе го покажат американското единство против заканата од Исламската држава.

Лидерот на сенатското малцинство, републиканскиот сенатор Мич Меконел од Кентаки, пред средбата изјави дека Обама треба да побара дозвола од Конгресот. Другите тројца конгресни лидери не се изјаснија за ова. Неколку сенатори од двете партии изразија поддршка да се гласа за ова прашање.

Обама вечерва треба да ѝ се обрати на нацијата и ја претстави неговата стратегија за справување со Исламската држава.

XS
SM
MD
LG