Достапни линкови

Франција организира меѓународна конференција за Ирак


Францускиот претседател Франсоа Оланд.

Францускиот претседател Франсоа Оланд.

Кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд соопшти дека Париз ќе биде домаќин на меѓународна конференција за Ирак на 15 септември и оти претседателот Оланд ќе го поседи Багдад на 12 септември. Во соопштението се наведува дека посетата на Ирак е заради подготовка за конференцијата.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Џон Кери заминува во дипломатска офанзива на Блискиот Исток заради формирање коалиција против Исламската држава. Кери ќе ги посети Јордан и Саудиска Арабија каде што ќе се сретне и со претставници на Ирак, Јордан, Египет, Турција и на шесте земји од Советот за заливска соработка.

Американскиот претседател Барак Обама ноќеска во 3 часот по полноќ по средноевропско време треба да одржи говор во кој ќе ја претстави стратегијата за борба против Исламската држава.

XS
SM
MD
LG