Достапни линкови

Телефонски разговор Путин-Порошенко за кризата во Украина


Русија и понатаму останува посветена да помогне во украинскиот мировен процес, му пренел рускиот претседател Владимир Путин на својот украински колега, Петро Порошенко, соопшти Кремљ. Во соопштението се наведува дека во вчерашниот телефонски разговор било нагласено дека е многу важно да се одржи договорот за прекин на огнот во југоисточниот дел на Украина. Примирјето, што стапи на сила на 5 септември, главно се почитува и покрај повредите пријавени од двете страни. Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека се надева оти наскоро ќе започнат разговорите за статусот на источна Украина, каде што проруските сепаратисти кренаа вооружен бунт. Тие бараат независност за Доњецк и Луганск, а украинската влада вети поголема автономија за регионот, но отфрла независност.

XS
SM
MD
LG