Достапни линкови

Стотини жртви од поплавите во Индија и во Пакистан


Спасувачките екипи во индискиот дел на Кашмир и во соседен Пакистан се обидуваат да стигнат до стотици илјади луѓе изолирани од најголемите поплави што го зафатија регионот во последниот половина век. Во двете земји вкупно има најмалку 440 загинати, а граѓаните се гневни поради бавноста на спасувачките операции. Илјадници војници, полицајци и спасувачи во двете земји испорачуваат вода за пиење, ќебиња и друга помош за настраданите. Околу 400 илјади луѓе во Индија се заробени во своите домови од поплавите.

XS
SM
MD
LG