Достапни линкови

Експлозија на бомба на состанок на сириските бунтовници


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 29 луѓе, меѓу кои и Хасан Абуд, лидер на сириската бунтовничката група Ахрар ал-Шам, загинаа во вчерашната експлозија на бомба на состанок на организацијата, информира Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. На состанокот во градот Рам Хамдан во провинцијата Ирлиб во северозападниот дел на земјата присуствувале околу 50 луѓе. Ахрар ал-Шам е најголемата организација во Исламскиот фронт кој се бори против режимот на претседателот Башар ал-Асад, но оваа организација се бори и против милитантите од Исламската држава, која освои големи делови од територијата во североисточна Сирија и западен и северен Ирак. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG