Достапни линкови

За 20 години се самоубиле еден милион Руси


Илустрација: Сибир.

Илустрација: Сибир.

Еден милион луѓе се самоубиле во Русија во последните 20 години, соопштија психијатри од московскиот Сербски центар за социјална и судска психијатрија. Според нив, стапката на самоубиства останува алармантна во некои области на Русија. Според податоци на руското Министерство за здравство, кај луѓето помлади од 18 години стапката е околу 16 самоубиства на 100 илјади млади луѓе, додека просечната стапка во светот е шест до седум самоубиства на 100 илјади малолетници. Стапката на самоубиства во Русија е најниска меѓу луѓето кои живеат во Северен Кавказ и во Јужна и Централна Русија. Стапката е највисока кај луѓето кои живеат во Сибир, каде што просечната стапка е 30 самоубиства на 100 илјади луѓе, а во тамошните региони Алтај, Тува, Бурјатија, Чикотка и во Ненецкиот автономен округ, стапката е околу 60 самоубиства на 100 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG