Достапни линкови

logo-print

Претставничкиот дом со осуда за претседателот Обама


Американскиот Претставнички дом изгласа резолуција за осуда за претседателот Барак Обама затоа што не му дал на Конгресот информација 30 дена однапред за размената на петмина талибански лидери кои беа затворени во Гвантанамо Беј за американскиот војник Боу Бергдал што се случи минатиот мај. Претседателот на Претставничкиот дом, Џон Бонер, соопшти дека со ослободувањето на талибанците, администрацијата на Обама „ги направила Американците понебезбедни“. Долниот дом, во кој мнозинството го имаат републиканците, со 249 гласови за и 163 против ја донесе необврзувачката резолуција со која „се осудува и не се одобрува неуспехот на администрацијата на Обама“ да обезбеди известување за размена на заробеници 30 дена однапред. Бергдал беше единствениот американски војник заробен од талибанците во војната во Авганистан. Околностите за неговото заробување сè уште не се целосно разјаснети. Тој беше во заробеништво скоро пет години и во резолуцијата се изразува „олеснување што тој безбедно се вратил во САД“.

XS
SM
MD
LG