Достапни линкови

Иранскиот претседател во посета на Таџикистан


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани е во официјална посета на Таџикистан, каде што треба да присуствува на отворањето на нов дел од хирдоцентралата Сангтуда во којашто Техеран инвестираше околу 180 милиони долари. Рохани денеска се среќава и со неговиот таџикистански колега Емомали Рахмон. Рохани ќе остане во Таџикистан и утре и задутре за да присуствува на Самитот на Шангајската организација за соработка, во која членуваат Кина, Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, а Иран има набљудувачки статус. Се очекува на маргините на Самитот Рохани да се сретне со претседателите на Русија и на Кина.

XS
SM
MD
LG