Достапни линкови

ОН повикаа на влада на национално единство во Авганистан


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ги повика авганистанските претседателски кандидати да се согласат за формирањето влада на национално единство во услови на зголемените стравови од постизборно насилство. Неговиот повик доаѓа откако еден од кандидатите Абдула Абдула изјави дека нема да ги прифати резултатите од ревизијата на гласовите. Претходно пропаднаа преговорите меѓу Абдула и неговиот противник Ашраф Гани за формирање на влада на национално единство во Авганистан.

XS
SM
MD
LG