Достапни линкови

logo-print

СЗО-Бројката на смртни случаи од ебола се зголемила


Светската здравствена организација соопшти дека бројката на смртни случаи од вирусот ебола се зголемила. Според организацијата биле забележани 2296 починати лица од 4293 случаи во земјите од Западна Африка. Бројките покажуваат дека биле забележани 200 нови смртни случаи од болеста од 6 септември. Но, последните податоци не ја рефлектираат ситуацијата во Либерија, која е најпогодената земја од еболата, што значи дека бројката е многу повисока.

XS
SM
MD
LG