Достапни линкови

ЕУ утре ќе расправа за новите санкции против Русија


Лидерите на ЕУ утре ќе разговараат дали е потребно да спроведат нови санкции против Русија, поради улогата на земјата во Украина, додека Киев повика да нема одлагање на одлуката. ЕУ вчера усвои нови санкции против Русија, но го одложи нивното стапување на сила со цел да остават време за да видат дали примирјето во Украина ќе опстане.

Санкциите вклучуваат рестрикции на финансиите на руските нафтени компании и банки во сопственост на државата. Листа со нови имиња на кои ќе им биде забранет влезот во ЕУ и ќе им биде замрзнат имотот. Нови рестрикции на продажбата на производи кои може да се користат за воени и цивилни цели.

XS
SM
MD
LG