Достапни линкови

Шумахер ќе го продолжи закрепнувањето во неговиот дом


Мајкал Шумахер

Мајкал Шумахер

Менаџерот на Мајкал Шумахер соопшти денеска дека легендата на Формула еден ќе продолжи да се опоравува во неговиот дом по повредите од несреќата за време на скијање во минатата година. Во јуни, 45 годишниот Шумахер ја напушти француската болница каде шест месеци беше лечен од повредите на главата.

Тој ја продолжи рехабилитацијата во болница во Швајцарија. Шумахер беше подложен на две операции по кои се наоѓаше во кома, од која докторите започнаа полека да го будат во јануари годинава.

XS
SM
MD
LG