Достапни линкови

Саудиска Арабија домаќин на средбата за Исламската држава


Саудиска Арабија соопшти дека престојниот викенд ќе биде домаќин на разговорите меѓу САД и Блискиот Исток за заканата од милитантите на Исламската држава. На средбата на 11 септември во градот Џедах ќе присуствуваат американскиот државен секретар Џон Кери, како и претставници на Турција, Египет, Јордан и земјите од Арапскиот залив. Саудиските медиуми јавија дека фокусот на разговорите ќе биде борбата против екстремистичките групи во регионот.

XS
SM
MD
LG