Достапни линкови

Груевски се сретна со хрватскиот премиер Милановиќ


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски и неговиот хрватски колега Зоран Милановиќ по средбата заклучиле дека меѓу двете земји владеат одлични билатерални односи. Груевски изјави дека на средбата била истакната и подготвеност за нивно натамошно унапредување особено во делот на економската соработка.

Тие разговарале и за евроатланската интеграција на Македонија, при што Груевски истакнал дека сите хрватски искуства ќе бидат добредојдени за Македонија. Милановиќ посочил дека мора да биде надмината блокадата на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ.

XS
SM
MD
LG