Достапни линкови

Македонија по хрватските чекори кон ЕУ и НАТО


Илустрација.

Илустрација.

Македонија може да ги искористи хрватските искуства на патот кон ЕУ и НАТО, посочуваат домашните аналитичари.

Унапредување на економската соработка меѓу двете земји и хрватската помош за Македонија на патот кон евроатланските интеграции се темите за кои ќе разговараат македонскиот и хрватскиот премиер во Скопје, Никола Груевски и Зоран Милановиќ. Според најавите, Милановиќ ќе се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов. Според упатените, Хрватска е најдобриот пример за Македонија на патот кон ЕУ, зашто и таа ги поминала истите предизвици со кои ние се соочуваме.

Може да се користи начинот како го решија проблемот со Словенија за спорот што го имаа, начинот како тие решаваат други добрососедски односи.

Поранешниот дипломат Благој Зашов вели дека хрватското искуство може да се искористи во неколку насоки:

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

„Прво, може да се користи начинот како го решија проблемот со Словенија за спорот што го имаа, начинот како тие решаваат други добрососедски односи и се разбира како се снајдоа во ситуација кога кај нив имаше и војна“, вели тој.

Мислам дека тоа искуство, но и самиот факт дека сме блиски како народи и како држави може многу да ни помогне во нашиот натамошен од кон НАТО и кон ЕУ.

Ако се земат предвид одличните билатерални односи меѓу Македонија и Хрватска и фактот што меѓу двете земји постои искрено пријателство по распадот на поранешна Југославија, тогаш може да се заклучи дека од Хрватска можеме многу да научиме, потенцира Зашов.

„Јас на пример се сеќаваат колку добро соработувавме со хрватскиот претставник во Советот на Европа, ние бевме први коишто бевме примени во Советот на Европа, а Хрватска го одеше тој пат што ние сега го одиме кон ЕУ. Така што, мислам дека тоа искуство, но и самиот факт дека сме блиски како народи и како држави може многу да ни помогне во нашиот натамошен од кон НАТО и кон ЕУ“, вели Зашов.

Кога пред една година премиерот Никола Груевски го посети Загреб, хрватскиот премиер изјави дека Хрватска смета оти Македонија треба што поскоро да ги отвори преговорите за членство со Европската унија и дека веќе требало да биде членка на НАТО. И тогаш се разговарало за економската соработка, а Груевски нагласи дека хрватските фирми се добредојдени во неговата земја и потсети дека Македонија има најниски даноци за почнување бизнис.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG