Достапни линкови

Малезискиот авион урнат над Украина од „високо енергетски објекти“


Холандската Комисија за безбедност соопшти дека малезискиот патнички авион, кој се урна во источна Украина во јули, бил соборен од страна на голем број "високо-енергетски објекти".

Според холандските експерти, нема индикации дека несреќата на MH17 била предизвикана од "технички грешки" или од неуспех на екипажот. Сите 298 патници, повеќето од нив холандските граѓани, загинаа кога авионот се урна во близина на украинскиот град Топез на 17 јули.

Во извештајот на Комисијата се наведува дека веројатно "високо-енергетските објекти" го распаднале авионот во лет и тој паднал на земјата на парчиња.

Местото на несреќата беше под истрага, а повеќето од телата биле пронајдени пред борбите меѓу украинските сили и про-руските сепаратисти да спречат натамошна истрага.

XS
SM
MD
LG