Достапни линкови

logo-print

Ципрас ќе предизвикува предвремени избори во Грција


Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Сириза, Алексис Ципрас повтори дека ќе се обиде да предизвика предвремени избори во Грција со тоа што ќе спречи избор на нов шеф на државата. Тој смета дека коалициската Влада на Нова демократија и ПАСОК многу тешко ќе успее да собере минимумот 180 гласа неопходни за избор на наследник на Каролос Папуљас.

Грчкиот Парламент во март следната година ќе избира нов претседател на државата. Согласно Уставот, претседателот на Грција се бира од Парламентот во три круга. Доколку во рамките на таа процедура не биде избран шеф на државата, Парламентот се распушта и се свикуваат нови избори. Претседателот може да биде избран во првиот круг, доколку добие поддршка од 200, односно две третини од вкупно 300 пратеници во Парламентот.

Партиите од владејачката коалиција во моментов имаат само 153 места, а неможноста да се договорат кој ќе го замени Папуљас претставува голема закана за опстанокот на Владата.

XS
SM
MD
LG