Достапни линкови

Обама го честиташе изборот на ирачката влада


Американскиот претседател Барак Обама го честиташе изборот на новата ирачка влада и повика на тесна соработка во борбата против милитантната организација Исламската држава.

Белата куќа соопшти дека Обама му се јавил на премиерот Хајдер ал-Абади за да му честита откако парламентот вчера ја одобри новата влада.

Во соопштението на Белата куќа се наведува и дека Абади изразиз посветеност да работи со сите заедници во Ирак, како и со регионалните и меѓународните партнери во борбата против овој заеднички непријател.

XS
SM
MD
LG