Достапни линкови

Се очекува извештајот за падот на малезискиот авион во Украина


Холандскиот одбор за безбедност денеска се очекува да го објави првичниот извештај за причините за падот на малезискиот лет МХ17 во источна Украина во јули годинава при што загинаа сите 298 патници. Холандските истражувачите не беа во можност да го посетат местото на несреќата во регионот Донецк во источна Украина.

Од тимот истражувачи веќе соопштија дека тие нема да именуваат виновник туку како што нагласи портпаролката ги истражуваат причините за несреќата, а не кој е виновен.

Постојат верувања дека авионот беше урнат од ракета испукана од проруските сепаратисти. Целосниот извештај не се очекува да биде објавен пред средината на 2015 година.

XS
SM
MD
LG